На територијата на град Скопје изречени се вкупно 180 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 105 санкции
Со помош на кучиња душкачи и припадници на грчката Независна служба за јавни приходи, на граничниот премин Евзони, во камион што во Грција влегол од Македонија, биле откриени 90,5 килограми канабис, јави дописничката на МИА од Атина.
Полицијата врши увид на местото на настанот, а повеќе информации за причините за сообраќајната несреќа најавија во текот на утрешниот ден.
Шесет и шест годишниот Љ.А. е лицето чие тело беше пронајдено вчера изутрина во водите од Охридското Езеро на ул.„Кеј Македонија“ кај малото пристаниште.
Полициски службеници вчера околу 19.20 часот во с.Требино, Македонски Брод ги привеле С.Ц.(31) од с.Требино, Љ.В.(30) од с.Челопек,Тетовско, Т.П.(36) од с.Долно Седларце,Тетовско и С.Ц.(71) од с.Требино кои агресивно се однесувале и физички нападнале полициски службеници кои вршеле службени дејства
Претходно Р.И. бил забележан како пука од огнено оружје во воздух. Известен е јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок
Денеска во Велес продолжи „Летната кампања 2021“ на МВР и РСБСП, која има за цел зголемување на безбедноста на сообраќајот на патиштата, особено во летниот период од годината и подигање на свеста за влијанието на заморот на способноста на возачите, но и за последиците што можат да настанат од пребрзото возење и управувањето возило под дејство на алкохол
На територијата на град Скопје изречени се вкупно 133 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 75 санкции
На 28.08.2021 околу 00,40 часот пријавено е дека на ул.Борис Трајковски во Скопје З.Д. (46) управувајќи електричен тротинет „ксауми“, паднал.
Полициски службеници од СВР Велес на наплатнa станица „Отовица“ вчера во 02:20 часот по полноќ, го лишиле од слобода И.Џ.(34) од Гевгелија, бидејќи кај него била пронајдена марихуана и прашкаста материја.