Пронајдено е безживотното тело на момчето кое завчера се удави во реката Вардар кај неготинско Пепелиште, за МИА потврди Билјана Филипова, директор на Здравствен дом Неготино.
На 16.08.2021 во 02.10 часот во Градски парк во Скопје, од полициски службеници од СВР Скопје бил приведен Р.Л.В.(19) од Швајцарија, поради нарушување на јавниот ред и мир.
Во 05.00 часот во СВР Скопје, А.Ѓ.(38) од Скопје пријавил дека додека биле заедно со С.Д.(22) и М.З.(20) во патничко возило „мерцедес“, со скопски регистарски ознаки, на подрачјето на Чаир, кон нив биле испукани проектили од огнено оружје од патничко возило џип „мерцедес“.
Денеска (16.08.2021) од полициски службеници од СВР Скопје е лишен од слобода М.Х.(49) од Скопје, кој бил затекнат при извршување на кривично дело ,,тешка кражба" во деловен субјект на ул."Македонско-косовска бригада".
Кривична пријава е поднесена против жена за приложување фалсификувана српска лична карта на Граничниот премин Белановце, соопшти МВР.
Поднесена е кривична пријава против стружанец за бесправно градење на улица „Партизанска“ во Струга, соопшти попладнево Министерството за внатрешни работи.
Во периодот од 09.08.2021 до 15.08.2021 Министерството за внатрешни работи спроведе контрола за санкционирање на возила на кои се вградени неатестирани фолии (затемнети стакла), при што санкционирани се 12 возачи.
Двајца мажи успеале да совладат 44 годишник кој претходно прво нападнал и ограбил 69 годишник, па со нож ги повредил и нив. Настанот се случил вчера утро на улицата „29 Ноември“ во Тетово.
Од СВР Тетово информираат дека во вчерашните контроли со кои се опфатени лица на кои им било издадено решение за изолација од Државниот санитарен и здравствен инспекторат имало прекршувања.
Министерството за внатрешни работи вчера спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Република Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 340 возачи.