На 24.07.2021 во 05.00 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Т.А.(26) од Скопје поради сомнение за сторено кривично дело кражба
На територијата на град Скопје изречени се вкупно 211 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 94 санкции, 17 за возење без возачка дозвола, девет прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли, пет за технички неисправни и нерегистрирани возила
На 24.07.2021 во Полициската станица Центар, Б.Б.П.(30) од Скопје пријавила дека околу 01.00 часот на бул.„Климент Охридски“ била физички нападната од две женски лица.
На 24.07.2021 околу 01.00 часот во Клиничката болница Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Ј.А.(43) од Тетово затоа што во болницата се однесувал агресивно и се обидел физички да нападне лекар.
На 23.07.2021 околу 15.00 часот, полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода М.Н.(60) од Охрид. При претрес, извршен со судска наредба, кај него биле пронајдени 33 куршуми различен калибар.
13 возачи возеле со брзина од над 50 километри на час над пропишаната.Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови
Од нив 40 на територија на Свети Николе, 14-Штип... Шест возачи возеле со над 50 километри на час над дозволеното, а двајца со дури 70 километри на час над дозволеното
Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски на својот фејсбук профил соопшти дека во изминатиот период лишено од слобода е 251 лице, а од септември 2020 година досега уапсени се 479 лица барани по централни и меѓународни потерници
Денеска (24.07.2021) во Гостивар беше организирана акција во рамките на новиот превентивен проект на СВР Тетово, "Поголема безбедност на пешаците, велосипедистите, мотоциклистите и лицата што управуват електрични тротинети“ во чии рамки граѓаните беа запознавани со законските прописи и измени на Законот на безбедност на сообраќајот на патишта
На територијата на град Скопје изречени се вкупно 168 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 66 санкции, 14 за возење без возачка дозвола, три прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли, четири за технички неисправни и нерегистрирани возила