Денеска (24.07.2021) во Гостивар беше организирана акција во рамките на новиот превентивен проект на СВР Тетово, "Поголема безбедност на пешаците, велосипедистите, мотоциклистите и лицата што управуват електрични тротинети“ во чии рамки граѓаните беа запознавани со законските прописи и измени на Законот на безбедност на сообраќајот на патишта.

На активноста, чиј носител е Отсекот на превенција на СВР Тетово, присутните пешаци, велосипедисти, мотоциклисти и лица што управуваат тротинети поблиску беа запознати со најновите измени на законската регулатива кои се однесуваат на оваа категорија учесници во собраќајот. Покрај тоа, им беа поделени и наменски изработени летоци.Ваква средба пред 20-тина дена беше организирана и во Тетово. Дел од проектот, исто така , ќе биде и организирање на сообраќајни поуки со кои ќе бидат опфатени сторители на прекршоци од овие категории.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/07/2021 16:57