На 18.07.2021 во 16.40 часот во СВР Скопје, Љ.К.(23) од Скопје пријавила дека во 13.00 часот во трговски центар на подрачјето на Карпош, по претходно недоразбирање, била физички нападната од М.К.
Регионален центар за гранични работи Југ поднесе кривична пријава против Ш.М. (52) од Стар Дојран, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „незаконит лов“.
На 19.07.2021 во 09.00 часот во Гостивар, полициски службеници од Полициската станица Гостивар ги лишиле од слобода М.К.(18) од Гостивар и 17-годишен малолетник од Кочани, со живеалиште во Гостивар, поради сомнение дека извршиле кривично дело „кражба“ на 18.07.2021 врз лице од Кичево на Железничката станица во Гостивар
Денеска (19.07.2021) од 07.00 до 11.00 часот Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Република Македонија за санкционирање на возачи кои не даваат првенство на минување на крстосница, при што санкционирани се 48 возачи
Граничната полиција на преминот Тушемиште – Свети Наум, на албанско –македонската граница, уапсила македонска државјанка барана со меѓународна потерница, издадена од норвешките власти
Во периодот од 12.07.2021 до 18.07.2021 Министерството за внатрешни работи спроведе засилена контрола за санкционирање на возила на кои се вградени неатестирани фолии (затемнети стакла) при што санкционирани се 47 возачи
Четириест годишниот Џ.А од Кочани е фатен утринава, како се обидува насилно да влезе во продавница на улицата „Енгелсова“ во Штип
Четириест и шестгодишниот велешанец Е.П. вчера се здобил со тешки телесни повреди во сообраќајна незгода што се случила на патниот премин на пругата помеѓу железничките станици Велес и Чашка кај велешкото село Горно Оризари, меѓу патничко возило „Ситроен Берлинго“, со велешки регистарски ознаки, што тој го управувал и товарен воз што сообраќал на релација Прилеп-Трубарево
Мигранти нападнале друга група мигранти, а едниот од од нив е уапсен во липковско Лојане, соопшти денеска СВР Куманово
На 15.07.2021 од страна на полициски службеници од Полициска станица Аеродром на ул.„Вангел Тодоровски“ лишени се од слобода А.Х.(25), Љ.М.(26) и малолетник, сите тројца од Скопје, поради сомнение дека се извршители на кривични дела