Четириест годишниот Џ.А од Кочани е фатен утринава, како се обидува насилно да влезе во продавница на улицата „Енгелсова“ во Штип.

Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова во полицискиот извештајот вели дека полициските службеници од слобода го лишиле утринава во 2.40 часот, а бил затекнат при вршење на кривично дело „тешка кражба“, односно додека се обидувал со употреба на сила и алат да влезе во продавницата, а по комплетирање на случајот ќе се поднесе и соодветна пријава.

Панјаотова информира дека вчера полициски службеници по преземани мерки ги привеле 19 годишниот С.М и 21 годишниот М.А од Кочани, поради постоење основи на сомнение дека во два наврати на 17 и 18 јули годинава извршиле кривични дела „тешка кражба“ на електричен кабел од Радио Кочани кој бил наменет за напојување на опремата на радиото. По комплетирање на случаите против С.М.и М.А. ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави за сторени две кривични дела „тешка кражба“.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/07/2021 13:52