На 11.07.2021 полициски службеници од СВР Скопје, ги лишија од слобода Л.М.(23) и Е.М.(22), и двајцата од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „кражба“, постапувајќи по пријава на А.И. од 10.07.2021 за одземен електричен тротинет
Извршен бил увид на местото на настанот и се работи на целосно расчистување на случајот.
Денеска во 03:05 часот Б.Ч.(28) од Скопје, пријавил дека во изнајмена куќа во с.Бардовци, на забава неколку лица физички ги нападнале В.С. и М.Н. од Скопје, притоа оштетувајќи го инвентарот во куќата.
Вчера во 14:00 часот во СВР Скопје, од страна на Итната медицинска помош било пријавено дека на подрачјето на Кисела Вода во стан од зграда сопственост на С.И.(36) додека местел клима уред, најверојатно од струен удар починал Љ.Б.(58) од Скопје.
На 10.07.2021 година во СВР Охрид, пријавен е помор на риба во рибник кај месноста Речица, во близина на охридското село Куратица.
Засилените акциски контроли продолжуваат. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.
Двајца мигранти, ноќеска, околу 00,45 минути по полноќ, биле повредени од товарен воз на 300 метри пред железничката станица Криволак, од кои едниот потешко, потврди за МИА Верољуб Додевски портпарол на СВР Велес.
Во судир на две возила кај селото Бусилци, велешко, вчера попладне околу 17 часот се повредени две лица, потврди за МИА, Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.