Вчера во 00:26 часот во СВР Штип било пријавена меѓусебна пресметка помеѓу повеќе лица. Од полициски службеници од СВР Штип излезено било на местото на настанот и констатирано било дека истиот ден околу 00:20 часот во Штип во дворот на Б.М (44) од Штип каде што имале семејна прослава, во еден момент од спротивната куќа на Е.Д.(44) во Штип настанала вербална расправија која преминала во физичка пресметка меѓу двете семејства со тврди предмети од кои дел од присутните се здобиле со повреди, оштетиле и едно моторно возило, а направени се оштетувања и на двете куќи.

Извршен бил увид на местото на настанот и се работи на целосно расчистување на случајот.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/07/2021 04:08