Девојка на 20 годишна возраст од Албанија се затрула со плин за време на престој кај својата сестра во Делчево.
На 05.04.2021 во 15:55 часот полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка-Отсек потрага во атарот на село Арачиново го приведоа Б.З. (31), кој се барал со потерница по наредба на Основен суд Скопје 1, за издржување затворска казна од две и пол години. Лицето ќе биде предадено на казнено поправна установа.
Жител на дебрчкото село Мешеишта е лишен од слобода поради сомневање дека опожарил две патнички моторни возила, сопственост на припадници на Шумската полиција
Тој бил спроведен до Казнено-поправната установа Затвор Идризово за доиздржување на казната
Основното јавно обвинителство Скопје поднесе предлози за издавање казнени налози против четири лица поради непочитување на полицискиот час
Полицијата во текот на март открила и санкционирала 1.682 сообраќајни прекршоци во тетовскиот регион што според евиденцијата и статистиката на Секторот за внатрешни работи во Тетово претставува за 711 повеќе од март 2020 година
Од 22.00 часот (04.04.2021) до 05.00 часот (05.04.2021) констатирано е дека 10 лица не ја почитувале забраната за движење
Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (04.04) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот
Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата и сите заеднички да придонесеме за спречување на ширењето на Ковид 19.
Во текот на вчерашниот ден (03.04.2021) спроведена е зајакната акциска контрола на автопатот Скопје-Гевгелија и магистрален пат Градско-Прилеп за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 175 возила. Од нив, 31 возило се движело со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а девет возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.