Во текот на вчерашниот ден (09.07.2021) спроведена е зајакната акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол на територијата на Република Северна Македонија, при што санкционирани се 128 возачи. Од нив, 56 на територијата на СВР Скопје, 17 на територијата на СВР Куманово...

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/07/2021 00:25