Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (09.07.2021) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
Потоа, по добиена судска наредба, извршен е претрес во домот на М.Ш. во с. Љубин и при тоа е откриена работилница за поправка на оружје, разни делови од оружје, два сигнални пиштоли и голема количина муниција. М.Ш. е приведен и против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 396 од КЗ на РСМ.
На 08.07.2021 во 15.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Гази Баба, по претходна расправија, дошло до нарушување на јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу С.Т.(62) и П.А.(36), двете од Скопје.
На 09.07.2021 полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода П.Ц. (23) од Крива Паланка во врска со извршено кривично дело „разбојништво“ на 17.04.2021 врз Д.Р. (20) во близина на Зелен пазар во Скопје. Извршено е препознавање и по документирање на случајот ќе биде поднесена кривична пријава.
СВР Штип поднесе кривична пријава против Н.Ш. (22) од скопското село Студеничани, осомничен за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“.
Секторот за внатрешни работи Струмица до Основното јавно обвинителство Струмица денеска поднесе кривична пријава против Р.В. (50) од село Добрејци, струмичко, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“ по чл. 215 од Кривичниот законик, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Како што соопшти Јавното обвинителство на Република Македонија, осомничениот во својот дом во Куманово, во повеќе наврати во временскиот период од мај до јуни 2021 година, извршил друго полово дејствие врз дете, негова ќерка.
Основниот суд во Струмица денеска го осуди И.Ч. (18) од Струмица на казна затвор во траење од 15 месеци заради прегазувањето на Верица Белчовска (20) од беровско Русиново
Единицата за насилен криминал при СВР Скопје целосно расчисти седум одделни случаи на кривично дело „насилство“, при што до ОЈО Скопје, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „насилство“, казниво по член 386 од КЗ на РМ, поднесе кривични пријави против вкупно 16 лица и тоа: Н.Р. (38), С.К. (26), М.К. (18), И.Т. (55), Д.Т. (22), Е.И. (42), А.И. (17), Е.Ш. (51) и Р.Ш.(27), Л.Ш.(23), С.К. (44), М.К. (21), Е.Љ.(21), Н.А. (23), А.Д. (44) и Т.К. (47) сите од Скопје
Кумановската полиција пронајде седум мигранти од Пакистан, соопштија денеска од СВР Куманово