Единицата за насилен криминал при СВР Скопје целосно расчисти седум одделни случаи на кривично дело „насилство“, при што до ОЈО Скопје, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „насилство“, казниво по член 386 од КЗ на РМ, поднесе кривични пријави против вкупно 16 лица и тоа: Н.Р. (38), С.К. (26), М.К. (18), И.Т. (55), Д.Т. (22), Е.И. (42), А.И. (17), Е.Ш. (51) и Р.Ш.(27), Л.Ш.(23), С.К. (44), М.К. (21), Е.Љ.(21), Н.А. (23), А.Д. (44) и Т.К. (47) сите од Скопје.

Се работи за настани кои се случиле на подрачјето на главниот град во периодот од февруари до јуни годинава. Поединечно, за првиот случај кривично пријавен е Н.Р., кој што во близина на трговски објект во Скопје по претходна расправија со оштетениот Р.М. се обидел со патничко возило да го прегази оштетениот нанесувајќи му повреди. Во вториот случај кривично пријавени се С.К. и М.К., кои што на улица „Скупи“ физички го нападнале со употреба на тврд предмет оштетениот Е.Р., нанесувајќи му телесни повреди. За третиот случај кривично пријавени се И.Т. и Д.Т., кои што во близина на парк Делфина физички го нападнале оштетениот Д.И., а по претходна расправија за паркинг простор. Во четвртиот настан случен на улица „Индира Ганди“, пријавените Е.И., А.И, Е.Ш.,Р.Ш., и Л.Ш., откако претходно со тврди предмети го оштетиле возилото во кое се наоѓале двајцата оштетени, С.И. и негов роднина, физички ги нападнале, нанесувајќи им телесни повреди.

Потоа, во петтиот случај кривично пријавените С.К., М.К., и Е.Љ. на улица „Брсјачка буна“, со употреба на тврди предмети физички ги нападнале оштетените В.Р. и В.Б. Во шестиот настан, кој што се случил на булевар „Борис Трајковски“, пред домот на оштетениот А.С., тој заедно со неговиот татко биле физички нападнати од пријавениот Н.А. со употреба на метален предмет. Во седмиот случај кривично пријавени се А.Д. и Т.К., кои што на улица „Рузвелтова“, пред казино, физички го нападнале оштетениот М.В..



Автор: Администратор
Објавено на: 09/07/2021 16:43