Во сообраќајна несреќа на локалниот пат Муданиа- Палиоури на првиот крак на Халкидики, загина 22-годишен државјанин на Македонија, откако, од засега непознати причини, се превртел автомобилот, со македонски регистарски таблици, а неговиот сопатник е повреден
На територијата на град Скопје изречени се вкупно 293 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 117 санкции
На 04.07.2021 околу 04.00 часот на ул.„Народни херои“ со ул.„Михаил Чаков“, од полициски службеници се лишени од слобода В.Н.(25) и А.М.(37), и двајцата од Скопје, бидејќи се фатени при вршење на кривично дело тешка кражба од патничко возило „БМВ“, со скопски регистарски ознаки, сопственост на П.А
Кавадарчанец пријавил во полиција дека колега од работа земал брз кредит во негово име, добил и закани по живот од блиски на колегата. Од неговата трансакциска сметка, колегата испразнил над илјада евра
На 02.07.2021 од страна на полициски службеници од Полициска станица Центар приведен е И.Т.(37), а на разговор бил повикан В.П.(36), двајцата од Скопје, поради сомнение за кражба на медицински средства од здравствена установа во Скопје извршена на 22/24.06.2021.
На 03.07.2021 во периодот од 03:30 часот до 03:50 часот во СВР Тетово било пријавено дека во експозитура од банка во склоп на трговски центар во Тетово, три лица со употреба на сила влегле внатре и одзеле пари, а непознати сторители со употреба на сила влегле во експозитура на друга банка во Тетово и од банкомат одзеле пари.
На 03.07.2021 во 20:05 часот во СВР Струмица, Ќ.Б.(33) од село Банско пријавила дека од дома се оддалечила нејзината ќерка Б.Н.(14), која најверојатно била со Љ.И.(19) од село Банско, со кого била во љубовна врска.
На 03.07.2021 во 23:10 часот во Гостивар од полициски службеници од СВР Тетово е лишен од слобода А.Л.(28) од Гостивар, постапувајќи по претходна пријава од 26-годишна велешанка, која престојувала во Гостивар, дека околу 22:45 часот А.Л., со кого била во љубовна врска, физички ја нападнал.
На 03.07.2021 во 16:30 часот во Тетово од полициски службеници од СВР Тетово бил лишен од слобода С.Г.(19) од Тетово, бидејќи претходно физички ја нападнал неговата 43-годишна мајка, а при претрес кај него била пронајдена прашкаста материја.
Повозрасна македонска државјанка е спасена од давење во познатиот албански пристанишен град Шенѓин, каде била на одмор.