Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (04.07.2021) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
На територијата на град Скопје изречени се вкупно 293 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 117 санкции, 32 прекршоци што го чинат возачите на мотоцикли, 28 за возење без возачка дозвола.
Изречени се 56 санкции за возење под дејство на алкохол, седум за нерегистрирани возила, пет за користење мобилен телефон, 14 санкции за непрописно паркирање.
Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат.