За настанот е известен дежурен Јавен обвинител од ОЈО Скопје, а лицата се приведени во Полициска станица Кисела Вода и по комплетно документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени кривични пријави за сторено кривично дело по чл. 215 од Кривичниот законик
Полициски извори за МИА го потврдија настанот и додадоа дека (Т.С) често рибарел на споменатата локација, а во четвртокот на местото заминал со своето возило Застава 101, кое е пронајдено во близина на истата локација.
Двајца српски државјани се лишени од слобода синоќа во 23.30 часот на автопатот А-1, кај тунели Јаворица, од полициски службеници од Полициската станица за Граничен надзор и Граничен премин Богородица, заедно со полициски службеници од Р.Словенија, откако во товарно возило, со српски национални ознаци биле пронајдени 62 лица мигранти
Во текот на вчерашниот ден (11.06) санкционирани се 51 возач за возење под дејство на алкохол на територијата на целата држава, како и 112 возачи на мотоцикли кои не ги почитувале сообраќајните правила на територијата на целата држава
На 11.06.2021 во 20.20 часот од страна на полициски службеници од Одделението за криминалистичка полиција при СВР Тетово во с.Лешок, во близина на бензиската пумпа, бил лишен од слобода М.Ч.(30) од с.Непроштено, кај кого при преглед биле пронајдени четири пакувања марихуана
На 11.06.2021 во 21.15 часот од страна на полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка - Одделение за потрага и Специјалната антитерористичка единица „Тигар“, во содејство со СВР Штип, на регионалниот пат Плачковица-Штип, с.Таринци, бил лишен од слобода Е.А.(33) од Радовиш
На територијата на град Скопје изречени се вкупно 189 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 58 санкции
Во СВР Скопје, вчера околу 17.30 часот Е.С.(31) од Скопје пријавила дека на булевар „Кочо Рацин“, во близина на Железничка станица, едно лице ѝ одзело личен накит.
Вчера во СВР Битола било пријавено дека во атарот на с.Трновци, при спуштање со параглајдер, Н.С.(62) од Русија се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Битола.
Во СВР Скопје, вчера во 18:30 часот, С.А.(24) од Скопје пријавил дека на ул.„1737“ во Скопје две лица физички го нападнале и му одзеле телефон.