Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (11.06.2021) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот

На територијата на град Скопје изречени се вкупно 189 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 58 санкции, 13 за возење без возачка дозвола, шест за управување под дејство на алкохол.

Изречени се 10 санкции за користење мобилен телефон, 21 прекршок што го чинат возачите на мотоцикли, шест за нерегистрирани возила, 53 санкции за непрописно паркирање.

Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/06/2021 12:07