Во Кичево во текот на изминатото деноноќие, за време на спроведувањето на мерките за ограничено движење, едно лице не ја почитувало забраната за движење
Во изминатите 24 часа предвидени за контрола за постапување по здравствени прописи за време на епидемија согласно член 206 од Кривичниот законик, се откриени 14 лица кои на разни начини прекршиле полициски час и сличните прописи што претставува најголем број од почетокот на мерката на 22 март, информира денеска тетовската полиција
Сто и триесет лица не ја почитувале забраната за движење во изминатото деноноќие, при што приведени се 98 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки, соопшти МВР
Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Свети Николе, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено за обдукција.
Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено за обдукција.
На местото на настанот пронајдени биле две чаури, како и уште еден пиштол. П.К. бил приведен и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
По кратка вербална расправија, В.А. со тврд предмет го удрил С.А. во пределот на главата и откако забележал дека С.А. е повреден, ги зел двајцата во неговото возило и се упатил кон Мирковци, каде се судрил со возило „опел астра“ управувано од Г.Т.(51) од Скопје.
Од Министерството за внатрешни работи соопштија дека денеска до одредени граѓани и правни лица повторно, како пред десетина дена, од страна на сторител кој лажно се претставува во име на државниот секретар Магдалена Несторовска, се упатени лажни покани во врска со наводна тековна истрага
Се запали охридскиот голф среде Кавадарци. Како што рекоа очевидци за МИА, пожарникарите реагирале навреме, и спречиле поголема штета
Приведени се 42 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи