Околу 07:15 часот, денеска на автопатот Миладиновци – Штип, на место викано „Ерџелиски мост“, С.М.(20) од село Кадрифаково, управувајќи патничко возило „Фолксваген поло“ со светиниколски регистарски ознаки, изгубила контрола и излетала од патот.
Во текот на вчерашниот ден во селото Г.Агларци се случила сообраќајна несреќа помеѓу мопед „ванге-50“ со битолски регистарски ознаки, управуван од малолетник од с.Г.Агларци и мотоцикл „шинрај-150“ без регистарски ознаки, управувано од малолетник од с.Г.Агларци.
Обвинителството од Битола побара истражна постапка за битолчанец кој продавал кокаин, која дрога ја набавил од Скопје, а судијата на претходна постапка донел Решение со кое определил притвор, во траење до 30 дена.
На 07.06.2021 во 10.45 часот на ул.„Индира Ганди“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје лишиле од слобода 15-годишен малолетник од Скопје за кого бил распишан централен распис поради сомнение дека извршил тешка кражба во угостителски објект на бул.„Јане Сандански“ на 27.12.2020.
На 07.06.2021 во 14.20 часот, полициски службеници од СВР Скопје го привеле С.Р.(32) од Скопје затоа тоа што со потерница бил баран за доиздржување на казна затвор во траење од една година за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“. Тој бил спороведен до Казнено-поправната установа - Затвор Скопје.
Возарчанец пријавил во полиција дека бил физички нападнат, а се трага по негов 15-годишен сожител, информира Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.
На магистралниот пат Градско – Прилеп, кај село Росоман, патничко моторно возило „пежо“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Б.М.(33) од Велес, удрило во малолетен пешак од село Росоман.
Гостиварското обвинителство поведе постапка против 47-годишна гостиварка за која постои основано сомнение дека злоупотребила лични податоци со тоа што во неколку наврати преземала фотографии од Фејсбук профилот на малолетничка и ги прикачувала на нејзиниот личен прифил.
Пет луѓе се приведени во текот на изминатото деноноќие во Тетово, од кои четири се поради физички напади, а еден поради откриена дрога
Поради „Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, гостиварското Обвинителство поднесе Предлог за издавање казнен налог против едно лице