Возарчанец пријавил во полиција дека бил физички нападнат, а се трага по негов 15-годишен сожител, информира Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес. -Рано утрово во 01:30 часoт во ОВР Кавадарци, 39-годишен жител на селото Возарци, пријавил дека синоќа околу 23:30 часот на улицата „Илинденска“ во Кавадарци, бил физички нападнат од 34-годишник. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти Додевски. Вчера во ОВР Кавадарци, 40-годишник од Возарци, пријавил дека од домот се оддалечил неговиот 15-годишен син. Се работи на пронаоѓање на лицето.



Автор: Администратор
Објавено на: 08/06/2021 23:06