Во СВР Велес, од Основното општинско училиште во Велес денеска во 10 часот било пријавено дека малолетен ученик во училиштето врзал со лисици негов соученик и му вперил пластичен пиштол.
Дваесет и осумгодишна жена од Струга физички била нападната од сопругот и свекорот, по пријава во полиција лицата биле лишени од слобода.
Шлепер денеска се преврте кај граничниот премин „Блаце“. Повредени нема, а сообраќајот се одвива нормално, потврдија за МИА од МВР.
Во рамки на засилените контроли викендов полициските службеници во сите сектори за внатрешни работи при БЈБ на МВР изрекле вкупно 2391 платни налози. Притоа без возачка дозвола биле затекнати 253 возачи, 131 возач возеле под дејство на алкохол, а пак 679 управувале возило со непрописна брзина.
Делчевската полиција синоќа во 19.00 часот во Делчево го лишила од слобода О.Ј. (47) од село Стајковци, скопско кој управувал со возило иако бил под дејство на алкохол.
Поведена е постапка против 24-годишниот возач за тешката сообраќајка што се случи синоќа на ул.„Ацо Шопов“ во Скопје во која загина мотоциклист.
Момче на возраст од 16 години било повредено од огнено оружје во пределеот на едната рака, на подрачјето на Бит Пазар, во Скопје.
Во СВР Скопје вчера во 17 часот било пријавено дека во сопствениот дом на подрачјето на Гази Баба била пронајдена почината М.Н.(52) од Скопје.
Педест и седум годишен скопјанец ноќеска бил пронајден починат покрај опожарено товарно возило со приколка на автопатот Велес-Скопје, на место викано „Пуста кула“, соопшти МВР.
Екипи на МВР, САЕ Тигар, ренџерската служба на НП „Маврово" и локални жители извлекоа две лица од Мавровско Езеро, на кои им се превртел чамецот. Како што информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК) извлечените лица се наоѓаат во возилото на итната медицинска помош.