Делчевската полиција синоќа во 19.00 часот во Делчево го лишила од слобода О.Ј. (47) од село Стајковци, скопско кој управувал со возило иако бил под дејство на алкохол.

-При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило, кое го управувал, и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,88 промили алкохол во крвта, по што веднаш бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица, информираат денеска од МВР.

По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297 - а од Кривичниот законик - „безобѕирно управување со моторно возило“.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/03/2025 20:55