ОВР Дебар поднесе кривична пријава против М.Д.(54) од Дебар, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“.
Денеска (13.05.2021) спроведена е зајакната акциска контрола на територијата на СВР Скопје за санкционирање на прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли, при што санкционирани се 47 возачи. Од нив, 16 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, четири возеле без возачка дозвола, два мотоцикли се одземени поради истечена сообраќајна дозвола и предизвикување голема бучава, а санкционирани се и други прекршоци.
Денеска (13.05.) на подрачјето на СВР Скопје спроведена е засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санционирани се 67 возачи. Од нив 50 возачи ја пречекориле брзината во населено место и 17 надвор населено место. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.
Во рамки на истрагата, како што соопшти Министерството за внатрешни работи, лишени од слобода се 11 лица (пет во Бугарија и едно во Израел на денот на акцијата и шест лица претходно во Шпанија), извршени се претреси во Бугарија, Израел, Полска, Македонија и Шведска и запленети се бројни електронски уреди и возила, а банкарските сметки се замрзнати.
Попладнево на улица „Димитар Влахов“ во Велес во сообраќајка повредено е 21 годишно момче во директен судар на автомобил и мотор, потврди за МИА портпаролот на СВР Велес Верољуб Додевски.
Денеска (13.05.2021) Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата спроведе зајакната акциска контрола на автопатот Велес – Скопје - Куманово за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 77 возачи. Од нив, 22 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а две возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.
Денеска во 13.30 часот полициски службеници од СВР Куманово, по добиена судска наредба од Основен суд Куманово, го лишиле од слобода Р.Р.(44) од Куманово
Основното јавно обвинителство Струга поведе истражна постапка против 55-годишен жител на село Трапчин Дол, кичевско и 42-годишен жител на село Франгово, струшко, бидејќи постои основано сомневање дека секој од нив го сторил кривичното дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик
Во текот на изминатото деноноќие (12/13.05.2021) на територијата на Република Македонија, за мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 434 прекршоци
На територијата на град Скопје изречени се вкупно 140 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 41 санкција