ОВР Дебар поднесе кривична пријава против М.Д.(54) од Дебар, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“.

Во текот на декември 2018 година во Малме, Шведска, пријавениот од Л.Е.(67) од Дебар, со престој и работа во Малме, земал на заем 25.000 евра и врз основа на усмен договор се обврзал во рок од шест месеци да му врати 35.000 евра, но досега му ги нема вратено. Л.Е. на пријавениот, парите му ги дал во присуство на уште едно лице.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/05/2021 01:53