Денеска (23.04.2021) полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Кочани ги лишиле од слобода М.К.(24) и Џ.К.(19). М.К. е приведен поради сомнение дека е извршител на тешка кражба на дрзок начин и тешка кражба во обид затоа што на 20.04.2021 од жена одзел паричник, а на 22.04.2021 се обидел од оштетената да одземе мобилен телефон, но не успеал. Кај Џ.К. пак, при преглед била пронајдена украдена платежна картичка.
Од страна на полициски службеници од Сектор за меѓународна полициска соработка – Отсек за потрага денеска во 14.10 часот, врз основа на издадена централна потерница од МВР и добиена судска наредба, е лишен од слобода Р.С.(63) од Скопје, за издржување казна затвор од две години во врска со чл.236 од Кривичниот законик.
Полициски службеници на СВР Тетово-Полициско одделение Теарце денеска околу 13:15 часот, во гаража помеѓу тетовските села Нераште и Беловиште, го лишиле од слобода Ш.Ш.(45) од Нераште, кој се сомничи дека е извршител на четири тешки кражби во трговски објекти во Тетово и во регионот на Теарце, во кои со употреба на сила влегувал и одземал пари и поголема количина разновидни производи.
Кумановската полиција приведе двајца Пакистанци кои со остар предмет повредиле други две лица, исто така од Пакистан, пред девет дена во близина на поштата во липковско Ваксинце, соопшти денеска СВР Куманово.
Полициски службеници од СВР Куманово вчера го лишиле од слобода О.С.(40) од Куманово бидејќи при преглед кај него била пронајдена марихуана, прашкаста материја и таблети.
Четириесет и едногодишна кавадарчанка била пронајдена почината, синоќа во дом во Кавадарци, попладнево информираше Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.
Првопријавеното лице заедно со второпријавеното лице во својство на одговорни лица и сосопственици на третоопријавениот правен субјект СУН АНД СТАРС ДОО експорт – импорт од Тетово, искористувајќи ист траен однос и исти прилики, во период од 01.01.2017 година до 31.12.2020 година
Основното јавно обвинителство Струмица донесе наредба за спроведување истражна постапка против три лица за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело – грабнување од член 141 став 1 во врска со член 22 и силување од член 186 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик
ОВР Кичево поднесе кривична пријава против А.Р.(51) од Тетово, државен инспектор за животна средина, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „примање поткуп“ и против С.А.(40) од тетовското село Фалише поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „помагање“
На 22.04.2021 во 18.15 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода О.С.(40) од Куманово бидејќи при преглед кај него била пронајдена марихуана, прашкаста материја и таблети