Триесет и деветгодишниот П.В. се здобил со тешки телесни повреди додека извршувал работни задачи во фирма во село Дабниште
Судот во Ќустендил во Бугарија му изрече мерка притвор на Е.Н. (52) државјанин на Македонија кој е во постапка за екстрадиција
Две женски лица се приведени вчера во Тетово зашто го прекршиле полицискиот час по 20 часот. Тие биле затекнати во непосредна близина на угостителски објект на улицата „113″ во Тетово
Во текот на вчерашниот ден (22.04) спроведена е акциска контрола на територијата на СВР Тетово за санкционирање на прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли, при што санкционирани се 34 возачи
Од 20.00 часот (22.04.2021) до 05.00 часот (23.04.2021) констатирано е дека 24 лица не ја почитувале забраната за движење
На територијата на град Скопје изречени се вкупно 163 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 73 санкции
При претрес во полуотвореното одделение во Казнено-поправната установа Затвор Штип кај С.А. од Кочани била пронајдена една ќеса со прашкаста материја.
Со тешки телесни повреди се здобила Т.П.(64) од Скопје додека извршувала работни задачи во фирма на подрачје на Кисела Вода.
На 21.04.2021 во 16.00 часот полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода Р.М.(26) и И.М.(46), постапувајќи по пријава од 10.35 часот од страна на 19-годишна девојка од Гостивар, според која откако нејзиниот татко, против нејзина согласност, ја омажил за Р.М. од Шуто Оризари, таму неколку дена била чувана затворена од нивна страна и врз неа била извршена обљуба.
Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице за кривични дела – Тешки дела против општата сигурност од член 292 став 1 во врска со член 288 став 1, како и – Недозволено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи од член 396 став 1 од Кривичниот законик.