Две женски лица се приведени вчера во Тетово зашто го прекршиле полицискиот час по 20 часот. Тие биле затекнати во непосредна близина на угостителски објект на улицата „113″ во Тетово.

-Приведени се 20 годишна жителка на Шипковица и 19 годишна девојка од Пршовце. Тие биле најдени околу 22 часот близу угостителски објект на улицата „113″ во Тетово. По приведувањето поднесена им е кривична пријава според членот 206 од Кривичниот законик за непостапување според здравствени прописи во време на епидемија”, информира порпаролот Марјан Јосифоски.

Полицијата во текот на изминатото деноноќие за неносење заштитни маски на 48 луѓе им изготви прекршочни платни налози.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/04/2021 13:50