На железничко стојалиште „Црвени Брегови“, вчера во 15.40 часот при обид на три лица мигранти да се качат во товарен воз кој сообраќал на релација Гевгелија-Скопје, едно од нив кое било од Индија, паднало и се здобило со повреда, информираше Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес
Лицето било предадено во Полициската станица Чаир за понатамошна постапка
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против 72-годишен државјанин на Република Турција кој се товари дека извршил кривично дело – Фалсификување исправа од член 378 став 1 од Кривичниот законик, откако на скопскиот аеродром покажал фалсификувана потврда за ПЦР тест
Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против едно лице со двојно македонско и канадско државјанство заради кривично дело – непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик
На 13.04.2021 околу 21.00 часот на ул.„Венјамин Мачуковски“ во Скопје, врз основа на Национална потерница од Основното јавно обвинителство, полициски службеници од СВР Скопје – Единица за внатрешни работи Аеродром и Драчeво го лишиле од слобода Д.И.(51) од Скопје
На 13.04.2021 во 15.20 часот на ул.„Бoца Ивановска" во Скопје, полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка – Отсек потраги го лишиле од слобода Ќ.А.(29) од с.Арачиново, скопско, за кого биле распишани три Централни потерници од МВР на Република Македонија
На 13.04.2021, по претходна пријава, полициски службеници од ЕВР Карпош - СВР Скопје извршиле контрола во фитнес клуб на бул.„Партизански одреди“ во Скопје, при што било констатирано дека објектот работи и внатре биле затекнати сопственикот Ф.Б.(35) од Скопје и уште шест лица
Од 20.00 часот (13.04.2021) до 05.00 часот (14.04.2021) констатирано е дека 27 лица не ја почитувале забраната за движење
Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (13.04) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот
Лицата се приведени во полициска станица и по насоки на Јавен обвинител од ОЈО Велес, против нив ќе биде поднесена кривична пријава поради постоење основано сомнение дека извршиле кривично дело по член 215 од Кривичниот законик