[photo]

На 13.04.2021 околу 21.00 часот на ул.„Венјамин Мачуковски“ во Скопје, врз основа на Национална потерница од Основното јавно обвинителство, полициски службеници од СВР Скопје – Единица за внатрешни работи Аеродром и Драчeво го лишиле од слобода Д.И.(51) од Скопје.

Тој бил баран за кривични дела „даночно затајување“ од член 279 од Кривичниот законик за затајување на данок од 1.210.797 денари.


Приведен скопјанец баран по потерница за даночно затајување

Лицето било предадено во Полициската станица Аеродром за понатамошна постапка.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/04/2021 12:30