На 11.04.2021 околу 21.50 часот во Полициската станица Центар од слобода бил лишен А.Б.(28) од Скопје, поради основано сомнение дека сторил кривично дело „тешка кражба".
На 11.04.2021 во с.Могила, полициски службеници од Полициската станица Битола го лишиле од слобода С.Е.(77) од Могила, затоа што со пиштол се заканувал на неколку лица од селото.
Синоќа околу 19 часoт во Полициската станица Кавадарци, З.Н.(45) од Кавадарци пријавил дека на патот меѓу селата Ресава и Брушани, бил физички нападнат од возач на патничко возило „мерцедес" со скопски регистарски ознаки.
Основното јавно обвинителство Велес донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 31-годишен прилепчанец поради сомнение дека сторил кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против едно лице за кривично дело – тешка кражба што ја извршил со обивање на автомобил во близина на полициската станица Бит Пазар, при што украл предмети во вредност од 50 илјади денари.
СВР-Битола информира дека попладнево во 14:25 часот на патниот правец од Демир Хисар кон селото Драгожани, автобус на една тутунска компанија излетал од патот и се превртел.
Мајка пријавила дека синоќа во дворот на семејната куќа во Гостивар, нејзината ќерка била сексуално вознемирена од малолетник
Во акциска контрола на моторцикли спроведена вчера од 15:00 до 20:00 часот на подрачјето на СВР Велес биле регистрирани 24 прекршоци, oд кои девет во Велес, девет во Кавадарци и шест во Неготино
Сообраќајна несреќа се случи вчера на влезот од селото Согле, општина Чашка, и тоа меѓу патничко моторно возило „Рено меган“ со велешки регистарски ознаки, управувано од 26 годишниот Б.Т. и патничко моторно возило „Опел астра“ со велешки регистарски ознаки, управувано од 38 годишниот Н.П. од Велес
Десет лица се приведени во текот на викендот како прекршители на полицискиот час, информираа СВР Тетово