Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен предлог против 49-годишнк кој се товари дека сторил продолжено кривично дело „телесна повреда" од член 130 став 2 во врска со став 1 и во врска со член 45 од Кривичниот законик, соопшти ОЈО.
Првпат по почетокот на мигрантската криза се откриени мигранти Во Малешевијата.
А.Ќ. е приведен и против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава до надлежното обвинителство.
Лекарот вчера бил лишен од слобода и задржан во Полициската станица Гостивар. Тој денес со кривичната пријава ќе биде изведен пред Јавен обвинител.
Вчера тетовската полиција бележи два случаи на пријави за семејно насилство, а при едниот приведен е 31-годишник.
Поради непочитување на полицискиот час, Основното јавно обвинителство – Гостивар, поднесе предлози за издавање казнени налози за четири лица, информираат од Јавното обвинителство.
Од 22.00 часот (22.03.2021) до 05.00 часот (23.03.2021) констатирано е дека 13 лица не ја почитувале забраната за движење. Во текот на изминатото деноноќие пак (22/23.03.2021) на територијата на Република Северна Македонија, за мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 365 прекршоци.
На 22.03.2021 во 22.30 часот во с.Неготино, гостиварско, полициски службеници на СВР Тетово - Одделение за внатрешни работи Гостивар ги лишиле од слобода Б.Д.(20) и К.Д.(22), двајцата од Република Албанија, кои времено престојувале во куќа на жител од ова гостиварско село, поради сомнение дека минатата и оваа година извршиле десетина тешки кражби во поширокиот регион на Врапчиште.
Педесет и двегодишен возач од Кичево С.И. го загуби животот во сообраќајната несреќа што вчера се случи на магистралниот пат Охрид – Кичево.
На 22.03.2021 во 13.35 часот, на улицата „ЈНА“ во Струга, по претходна наредба од Основниот суд во Струга, од слобода е лишен И.М.(39), од струшкото село Радолишта. Тој претходно избегал од Казнено-поправната установа „Затвор“ Струга, каде повторно е вратен на издржување на затворска казна.