Поради непочитување на полицискиот час, Основното јавно обвинителство – Гостивар, поднесе предлози за издавање казнени налози за четири лица, информираат од Јавното обвинителство.

Обвининетите, како што се наведува во соопштението, сториле кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија" од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

Поради наведеното, Јавното обвинителство побарало од Судот на обвинетите да им се изречат парични казни во висина од по 100 дневни глоби.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/03/2021 16:46