Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа Затвор „Идризово“ во Скопје за издржување на казната
Четворица македонски државјани и по една државјанка на Швајцарија и Велика Британија покажале лажни потврди за негативни ПЦР тестови за Ковид вирусот на граничниот премин Меѓународен аеродром Скопје
Полициски службеници при вчерашната акциска контрола во периодот од 7 до 12 часот на подрачјето на СВР Велес санкционирале 14 возачи за неправилно престигнување
Во текот на вчерашниот ден (01.03.2021) Мобилната единица за безбедност во сообраќајот на патиштата спроведе зајакната акциска контрола за санкционирање на возила кои непрописно престигнуваат на територијата на Република Македонија, при што санкционирани се 147 возачи
На 01.03.2021 во 21.10 часот, полициски службеници извршиле контрола во угостителски објект во с.Желино, тетовско, сопственост на З.С.(48) од с.Желино
На 01.03.2021 во 19.20 часот по добиена наредба од Основен кривичен суд, инспектори од Единицата за недозволена трговија со дрога при СВР Скопје извршиле претрес во домот на А.П.(24) од Скопје
На 28.02.2021 во 21.30 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода С.Г.(30) од Куманово затоа што при преглед кај него бил пронајден кокаин
Во текот на изминатото деноноќие (01/02.03.2021) на територијата на Република Македонија, по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 422 прекршоци
Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (01.03.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот
СВР Охрид поднесе кривична пријава против С.Ѓ.(36) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторени пет кривични дела „тешка кражба“ и едно кривично дело „тешка кражба во обид“ и против Џ.М.( 62) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,прикривање”.