Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе Обвинителен акт против две лица, државјани на Република Албанија, за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик
Во текот на изминатото деноноќие (28/29.01.2021 година) на територијата на Република Македонија, по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 463 прекршоци
Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (28.01.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот
На 27.01.2021 во 16.30 часот во СВР Скопје, З.В.(53) од Скопје пријавил дека во 14.20 часот, додека бил во неговиот угостителски објект во Дебар Маало, едно лице физички го нападнало, а другото оштетило дел од инвентарот.
Во периодот од 16.02. до 19.10.2015, О.Р. склучила Договор за вработување на јавен службеник со В.А., на работно место архивар-благајник.
СВР Охрид поднесе кривична пријава против Љ.З.(38) од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“.
Во полициска станица за расчистување на инцидент во кое било користено и оружје вчера завршил 37 годишник од тетовски Требош. Тој во текот на вчерашниот ден извадил пиштол и го вперил кон жител на Тетово кој бил во врска со неговата сестра.
Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (27.01) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот
Намален број на кражби и тешки кражби и повисока реализација регистрира СВР Куманово за 2020 година во однос на претходната 2019-та, соопштија денеска од кумановската полиција
Тетовската полиција вчера на булеварот „Видоја Смилевски-Бато“ попознат како Индустриска улица, при спроведена локална контрола санкционирала вкупно осум возачи кои ја пречекориле максимално дозволената брзина за движење