Министерството за внатрешни работи за време на засилените акциски контроли во областа на сообраќајот во скопски Центар изрече вкупно 130 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 13 санкции, осум за технички неисправни и нерегистрирани возила, 16 санкции за користење мобилен телефон.
На територијата на Град Скопје вчера во рамки на засилените сообраќајни контроли изречени се вкупно 226 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 19 санкции.
Сообраќајната полиција изрекла 93 мерки за време на вчерашната акциска контрола во Кавадарци и Неготино.
На 21.01.2021 во 14.20 часот во Полициска станица Центар било пријавено дека на ул.„Орце Николов“ настанал пожар во контејнер, а од пожарот биле зафатени и патничките возила „мазда“, сопственост на П.Л.(46) од Скопје и „шкода октавиа“, паркирано од В.П.(38) од Скопје.
На 21.01.2021 во 15.00 часот во СВР Скопје, И.А.(40) од Велес пријавила дека околу 09.10 часот во простории на приватна здравствена установа на подрачјето на Кисела Вода, додека била на своето работно место, по претходна расправија, била физички нападната од Д.М.(42) од Скопје.
„Охридска пастрмка- Кратка хорор приказна“ е насловот на видеото кое го објави нуркачкиот центар „Амфора“ од Охрид.
Основното јавно обвинителство Скопје (ОЈО) поведе постапка против 43-годишен скопјанец, поради основано сомнение дека сторил кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, а јавниот обвинител кој постапува во предметот побара определување мерка притвор.
Лицето ќе биде предадено на казнено поправна установа.
Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвининение против сметководител поради проневера во служба на 10.913.195 денари (околу 177 илајди евра). Обвинетиот неовластено пополнувајќи и имитирајќи го потписот на оштетената нотарка потпишал 211 налози за пренос на парични средства. Парите ги префрлал од сметката на нотарката на сметка на својата сопруга.
На 21.01.2021 година полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Битола - Одделението за внатрешни работи Прилеп по распишана потерница од Основен суд Битола, го приведоа T.З.(49) за издржување затворска казна