За непрописно престигнување во текот на вчерашниот ден санкционирани се120 возачи на територијата на целата држава, а за други прекршоци 226 возачи, информира Министерството за внатрешни работи
Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против две лица кои се товарат дека сториле кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори согласно член 215 став 1 од Кривичниот законик
Во текот на изминатото деноноќие (24/25.12.2020 година) на територијата на Република Македонија, по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 602 прекршоци
Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (24.12.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот
На 24.12.2020 полициски службеници од ОВР Кичево, по претходно добиени оперативни сознанија извршија контрола во правно лице во Кичево, чиј управител е Е.Е. (44) од Кичево
Две малолетни лица се повредени во сообраќајна несреќа што синоќа се случи на булеварот „Железничка“ во Охрид
Надворешната канцеларија за криминалистички работи при Одделението за внатрешни работи Гостивар, поднесе кривична пријава против Б.С.(41) од с.Шишево, скопско, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“.
На 23.12.2020 во 16.00 часот во просториите на Одделението за внатрешни работи Прилеп, К.Д.(49) од Прилеп пријавила дека околу 15.40 часот во цвеќарница во Прилеп едно лице сакало да купи производи со банкнота од 50 евра по што, при обид во менувачница да ја замени банкнотата, пријавителката била известена дека е фалсификувана.
По потпишување на договорот, горепријавените лица ги носеле оштетените на различни места со изговор дека ќе дојде трето лице кое ќе ги донесе останатите пари, но во даден момент, искористувајќи го невниманието на оштетените, им ги земале клучевите и заминувале со возилото кое било предмет на купопродажба.
Службеници од Полициската станица „Богородица“ вчера ги привеле албанските државјани Т.Л. (46), Ч.Е. (33), П.Е. (36), Ш.Е. (33) и Б.А. (40), поради непочитување на член 9 став 1 од Закон за гранична контрола, односно за илегален премин на државната граница.