Возило „фолксваген" со скопски регистарски таблички синоќа удрило во дива свиња која претрчала на автопатот Скопје – Велес, после патарината Петровец.
Полициски службеници од полициската станица во Кичево вчера од слобода го лишија З.С.(49) од Кичево затоа што се однесувал агресивно и попречувал полициски службеници во вршење службена дејност, откако претходно го нарушил јавниот ред и мир во селото Другово
Врз основа на вештачењата извршени по наредба на обвинителството и прибраните докази, надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, денеска издаде Наредба за спроведување на истражна постапка против еден албански државјанин и двајца дебарчани
По преземени мерки и активности, полициски службеници од ЕВР Гази Баба го приведоа А.Ј.(21) од Скопје поради сомнение за сторени две кривични дела „тешка кражба“ во две фирми во Скопје
Министерството за внатрешни работи покрај на територијата на главниот град Скопје, спроведува засилени акциски контроли за санкционирање на непочитувањето на сообраќајните правила и прописи и во другите градови, меѓу кои и Битола, соопшти портпаролот на МВР Тони Ангеловски на денешната прес конференција во Битола
ОВР Прилеп поднесе кривична пријава против Б.Т.(46) од Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „намерно предизвикување стечај“ и „оштетување и повластување на доверители“, против Е.Ц.(46), Ф.Т.(27), Е.Т.(30), О.Х.(33) и Д.Н.(27), сите од Прилеп
На 16.10.2020 во Кавадарци, полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција - Сектор за недозволена трговија со дрога оружје и опасни материи во координација со ОВР Кавадарци го лишиле од слобода П.М.(38) од Кавадарци
На 16.10.2020 во Радовиш, полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција - Сектор за недозволена трговија со дрога оружје и опасни материи во координација со ОВР Радовиш го лишиле од слобода В.Х.(31) од Радовиш
Во 05.30 часот лицето било предадено на полициски службеници од Полициската станица Струга за понатамошна постапка
На 16.10.2020 во 08.20 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово, врз основа на судска наредба, го привеле Б.С.(26) од Куманово за издржување казна затвор од пет ипол години во Казнено-поправната установа Затвор Идризово за извршено кривично дело „обљуба“ по член 187 став 1 од Кривичниот законик