Полициски службеници од полициската станица во Кичево вчера од слобода го лишија З.С.(49) од Кичево затоа што се однесувал агресивно и попречувал полициски службеници во вршење службена дејност, откако претходно го нарушил јавниот ред и мир во селото Другово.
Како што информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски, З.С. е приведен и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.