На 28.10.2020 во периодот од 09.50 до 15.50 часот во Битола, при изведба на градежни работи во близина на стадионот „Тумбе кафе“ биле пронајдени 459 гранати од Првата светска војна.
Петнаесетината тешки кражби во колонијалните продавници се пријавени од местата Челопек, Радиовце, Милетино, Слатино и други села
Тони Ангеловски, портпарол во МВР информира дека оваа акција е во рамките на засилените мерки и активности на Министерството за внатрешни работи за сузбивање на нелегалната трговија со дрога.
Триесет и осумгодишна жена се здобила со тешки телесни повреди откако во неа удрил автобус. Несреќата се случила утрово во 7 часот на улица „Благој Ѓорев“, во близина на трговски центар во Велес.
Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против 35-годишен шпански државјанин со престојувалиште во Скопје, кај кого при рутинска контрола се пронајдени хероин и кокаин.
Во СВР Велес вчера било пријавено дека околу околу 14.30 часот едно лице физички ја нападнало 80 годишната Љ.Б. во нејзиниот дом на улилца „Цар Самоил“ во Велес, и ѝ одзело накит и мобилен телефон
Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје денеска поднесе Обвинителен предлог против скопјанец, кој искористувајќи исти или слични околности, во текот на месец септември сторил повеќе кражби на неколку локации во Скопје
На 28.10.2020 околу 22.20 часот, полициски службеници на СВР Тетово го привеле З.А.(19) од тетовско Озормиште, осуден на затворска казна за сторено кривично дело „тешка кражба“, по што тој бил спроведен во Казнено-поправната установа Затвор „Тетово“ во Тетово за издржување на казната
Полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Тетово вчера (28.10.2020) околу 11.50 часот на улица „Браќа Миладинови“ во Тетово го лишиле од слобода 28-годишниот тетовец Ш.И., поради основано сомнение дека е извршител на петнаесеттина тешки кражби
На 28.10.2020 во 10.30 часот од страна на полициски службеници од Полициската станица Штип е приведен Е.С.(32) од Штип за издржување на казна затвор