Еден пешак се здобил со тешки телесни повреди, а три лица со лесни телесни повреди во четири од вкупно седум сообраќајни незгоди што се случиле изминатото деноноќие на подрачјето на Град Скопје. Во три сообраќајни незгоди е причинета материјална штета.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево поднесе кривична пријава против Д.Ѓ.(48) од Кичево и С.П.(55) од кичевското село Миокази, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „проневера во службата“ и „несовесно работење во службата“.
Вкупно 29 пријави за семејно насилство биле евидентирани од почетокот на годината до средината на овој месец во меѓуопштинскиот Центар за социјални работи во Кочани, што е за десетина отсто помалку во споредба со истиот период лани
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево, поднесе кривична пријава против Н.Б.(42), поради постоење основано сомнение за сторено казнено дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.
Еден пешак се здобил со тешки телесни повреди, а пет лица со лесни телесни повреди во шест од вкупно 10 сообраќајни незгоди што се случиле изминатото деноноќие на подрачјето на Град Скопје
Охриѓаните Т.Т. (53) и А.Ф. (50) се затекнати во чамец во подрајчето на рекреативната зона „Мазија“ каде е забране стопански риболов.
Затвореник во Казнено-поправната установа Идризово вчера бил избоден со остар предмет по расправија со друг затвореник.
Кривична пријава за семејно насилство е поднесена против 45-годишен скопјанец кој во два наврати ја физички ја малтретирал својата сопруга.
Полициската станица Кавадарци до Основното јавно обвинителство поднесе кривична пријава против 18, 17 и 16-годишник, кои на 14 овој месец извршиле насилство врз цимерот со кој заедно живееле во Кавадарци, каде што се школувале.
По сообраќајната несреќа кај село Очипала каде комбе на Штипска Млекара се преврте, оспособена е едната коловозна лента и во сообраќај се пуштаат само патнички возила