Во акциска контрола на Мобилната единица за безбедност во сообраќајот при МВР откриени се 123 прекршоци на подрачјето на Прилеп. Сакционирани се и 21 мотоциклист.
Откриени се 18 случаи на управување на возило без положен возачки испит, 35 нерегистрирани возила, четири случаи на возење под дејство на алкохол и девет случаи на управување на технички неисправно возило.
Кај мотоциклистите, откриени се шест случаи на управување без положен испит и три случаи на нерегистрирани мотоцикли.
Акцијата е спроведена вчера во периодот од 17 до 23 часот, а од МВР најавуваат дека и во следниот период ќе продолжат контролите во сите градови низ државата со цел поголема безбедност во сообраќајот.