Жител на тетовско Слатино и неговата вереница од Пршовце, двајцата на 24 годишна возраст, пријавиле во полиција дека по недоразбирање околу сообраќај биле нападнати. Настанот се случил вчера околу 17 часот на регионален пат село Радуша – Јегуновце.
Осумнаесетгодишен тетовец е ранет со остар предмет синоќа околу 23 часот во Жена-парк во Тетово, откако имал вербална расправија со две лица. Повредениот е хоспитализиран во тетовската болница, а СВР Тетово информира дека за настанот едно лице е лишено од слобода.
По ова, се појаснува во соопштението од МВР, било утврдено дека М.Д. остварил илегален влез во Република Македонија, што и го потврдил во разговорот. М.Д. бил приведен и предаден на полициски службеници од Куманово за понатамошна постапка.
Тој бил пренесен воМедицинскиот центар Кичево, каде што починал.
Регистрирани се 340 прекршоци по однос на мерката за неносење лична заштита на лице, во текот на изминатото деноноќие на територијата на Република Македонија.
Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје поднесе обвинителен акт против едно лице за кривичното дело неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи.
Во СВР Велес вчера било пријавено дека околу 21.00 часот на место викано „Лагот“, во близина на манастирот „Св.Ѓорѓи“ во Неготино, во црква во изградба, М.Ч.(67) од Неготино бил нападнат од три непознати лица мигранти, кои му одзеле пари.
На 03.08.2020 во 14.45 часот во Полициска станица Сарај било пријавено дека во СРЦ Езеро Треска, во близина на напуштени тоалет кабини, од малолетни лица било пронајдено безживотно машко тело.
По преземени мерки од полициски службеници од СВР Охрид, М.Н. бил приведен и се преземаат мерки за расчистување на случајот.