На 03.08.2020 во 16.20 часот во СВР Скопје, З.Е. пријавил дека во с.Катланово, Скопско, на место викано „Фазанерија“, непознато лице насилно ја отворило вратата од објект на М-НАВ и одзело четири акумулатори кои служеле за напојување на слетна точка на аеродромот.
Полицијата изрече 124 платни налози на жители во поширокото тетовско подрачје кои неноселе заштини маски, што согласно член 6 од соодветната владина Уредба подразбира глоба од 20 евра во денарска противвредност.
Триесет и осумгодишна скопјанка во два наврата заминала за Сирија, каде се борела во редовите на Исламската држава.
Според статистичките податоци на Министерството за внатрешни работи, во изминатото деноноќие, на подрачјето на ОВР Кичево, полициските службеници констатирале 20 прекршоци за неносење лична заштита на лицето.
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица донесе Наредба за спроведување истражна постапка против лице осомничено за кривични дела „обљуба врз немоќно лице“ од член 187 став 1 и „родосквернавење“ од член 194 став 1 од Кривичниот законик.
Кривична пријава поднесе СВР Тетово против градоначалникот на Боговиње, кој е осомничен за „несовесно работење во службата“.
На 30 јуни, осомничениот скопјанец, во местото Големи Грми во атарот на селото Долно Дупени, Ресен, со употреба на огнострелно оружје, со умисла го лишил од живот лицето Мустафа Азис од Горно Количани.
К.А. (49) од струшкото село Богојци вчера се повредил сечејќи дрва. Тој бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош, каде им подлегнал на повредите.
За неносење лична заштита на лице се регистрирани 390 прекршоци во текот на изминатото деноноќие (3-4.август) на територијата на целата држава.
– Притоа одземени се четири мотоцикли кои ќе бидат упатени на вонреден технички преглед заради контрола на техничката исправност и фреквенција на бучавост, соопштија од МВР.