На крстосница од булеварот „Партизански Одреди“ и улицата „Аминта Трети“ во Скопје, вчера во 22 часот патничко возило „Фолксваген Голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Х.(19), удрило во две деца од 13 и 12 години, при што на 12-годишникот му биле констатирани тешки телесни повреди, а на 13-годишникот телесни повреди
Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при МВР поднесе кривични пријави против Р.А.(19) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“ и „злоупотреба на лични податоци“.
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице осомничено за кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Пробиштип поднесе кривична пријава против Г.С.(21) од Пробиштип, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „изработка и употреба на лажна платежна картичка“.
На 23.07.2020 околу 12.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека пред фирма на ул.„Скупи“, по претходно недоразбирање, настанала физичка пресметка помеѓу О.Б., И.Б., М.М. и М.М.М., вработени во фирмата, од една страна, и М.Ш. со неколку други лица, од друга страна.
Педесет и пет годишниот Г.Т. од Кичево, вработен во ГП „Гранит“, вчера се здобил со повреди вршејќи градежни активности на автопатот во изградба Кичево-Охрид, кај мостот во атарот на село Добреноец, информира денеска портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски
Двајца работници се повредени вчера додека извршувале работни обврски на објект во изградба на патот Тетово-Јажинце, кај Лешок. Поради повредите тие морале да бидат однесени во болница
Основното јавно обвинителство Скопје поднесе предлози за издавање казнени налози против 23 лица, обвинети за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик
Основното јавно обвинителство Радовиш поднесе предлози за издавање парични казни од 500 до 2 000 евра против еден угостителски објект и неговиот управител кои не ја почитувале забраната за работа после 22 часот, како и против едно физичко лице кое не ја применило мерката за задолжителна самоизолација
Во текот на изминатото деноноќие на територијата на Република Македонија по однос на мерката за неносење лична заштита на лице регистрирани се 359 прекршоци