Поднесена кривична пријава против двајца вработени во Полициската станица за Граничен премин Табановце, бидејќи на 1 јуни годинава дозволиле влез во државата на лице без негова евиденција и без приложување на негативен ПЦР тест.
Денеска во раните утрински часови околу четири часот, на улицата „Партизански Одреди“ во Кичево, нарушен е јавниот ред и мир со физички напад извршен од страна на Н.А. 39 годишен врз М.Д.40 годишен, двајцата од Кичево.
Основното јавно обвинителство Скопје отвори предмет за статус на социјалната мрежа Фејсбук, објавен од лидер на политичка партија, по пристигнато известување од Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при Министерството за внатрешни работи
Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против 46-годишен струмичанец, откако вчера при претрес во неговото возило е пронајден кокаин
Тетовската полиција соопшти дека откриле две лица како сторители на три разбојништва, односно кражби со употреба на оружје во маркети во 2018 година
Возач на трактор и две лица сопатници на возраст од 18 и 17 години се поврдени во сообраќајка која се случила вчера на патот Градско-Прилеп
СВР Скопје – ЕВР Карпош ќе поднесе кривична пријава против Т.И. и Е.Н., двете од Скопје и против приватна детска градина лоцирана во кругот на основно училиште на ул.„Карпошово востание“ во Скопје, поради постоење основи на сомнение „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, казниво по член 206 од Кривичниот законик
Дваесет и тригодишна кавадарчанка се сомничи за кривично дело ,,повреда на тајноста на гласање“, информираше денеска Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес
Осумнаесет мигранти од Бангладеш биле пронајдени вчера во возило на патот Неготино-Градско, информираше денеска Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес
Товарно моторно возило Ивеко во кое имало мигранти, изутрината удрило во рапма, а потоа во бетонска жардињера на наплатната станица кај Миладиновци во близина на Скопје