Во текот на изминатото деноноќие (27/28.03.) на територијата на државата вкупно 94 лица не ја почитувале мерката за забрана на движењето, при што полициските службеници привеле 44 лица, 10 лица биле опоменати, a за останатите се изготвени соодветни записници и доставени до надлежното ОЈО
Двајца малолетници се меѓу луѓето кои тетовската полиција ги откри дека не го почитуваат полицискиот час по што се приведени во полициска станица
Две лица од Делчево казнети за непочитување на мерката за самоизолација. Првата кривична пријава од страна на Одделението за внатрешни работи Делчево му е поднесена на шеесет и две годишниот Ф.Т од Делчево, кој се товари за „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија”
Oсновното јавно обвинителство Битола поднесе предлози за издавање казнени налози против две лица заради кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија, информираат од Јавното обвинителство.
Десет лица од Радовиш и Струмица синоќа не ја почитувале забраната за движење, а четворица од нив се малолетни, соопштија од СВР-Струмица.
– Во текот на изминатото деноноќие лишени од слобода се две лица од Општина Кратово бидејќи не се придржувале до мерката за забрана за движење во временскиот период од 21 до 05 часот и против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок, информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово.
Основното јавно обвинителство Кочани поднесе предлози за изрекување казни од по 2 000 евра за 15 лица за непостапување според здравствените прописи за време на епидемија, од кои на 14 за непочитување на полициски час и еден за прекршување на задолжителна самоизолација по враќање од странство.
Основното јавно обвинителство Скопје поднесе предлози за изрекување казни од по 2 000 евра за три лица од Скопје за непостапување според здравствените прописи за време на епидемија, од кои две за непочитување на полициски час и еден за прекршување на задолжителна самоизолација
Лице кое требало да биде во задолжителна самоизолација согласно донесените мерки за сузбивање на заразната болест – COVID 19, на 26 март во 22:00 не го почитувал ниту полицискиот час, па се движел со возило низ Гостивар, информираат од Јавното обвинителство.
Тројца кумановци и двајца кратовци не ја почитувале мерката за забрана за движење во периодот од 21:00 до 05:00 часот, соопшти денеска СВР Куманово