Основното обвинителство од Штип предложи да бидат казнети девет лица со парична казна во висина од по 50 дневни глоби, секоја од нив во износ од 10 евра во денарска проиввредност заради непочитување на полицискиот час
Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, ОВР Кичево поднесе кривична пријава против К.М.(65) од Кичево, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски
Петмина дебрани заработија кривични пријави поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“
Битолското обвинителство поднесе предлози за казнување на тројца граѓани поради прекршување на полицискиот час во овој град
Триесетгодишник од Тетово ноќеска двапати бил приведуван во полиција. Откако еднаш бил приведен поради прекршување на полицискиот час, подоцна, по ослободувањето, после полноќ на излегување од полициската станица почнал да навредува и агресивно да се однесува кон други полицајци на улицата „Цветан Димов“
Гостиварец завршил во полициска станица откако бил пријавен дека синоќа физички нападнал татко и син
Против вкупно 16 лица Основното јавно обвинителство Скопје денеска поднесе предлози за издавање казнени налози заради непочитување на полицискиот час
СВР – Куманово вчера поднесе кривична пријава против Р.С. (29) од Куманово, поради постоење основано сомнение дека сторил кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“
Во полициската станица во Кавадарци вчера 38-годишна жителка од село во кавадаречко пријавила дека нејзиниот 35-годишен брат кој живеел во Кавадарци исчезнал на 28 април
Изгоре објект со кокошки, пилиња, жито и пластични гајби во пожар кој утринава околу пет часот избувнал во кавадаречко Сопот