ОВР Кичево поднесе кривична пријава против В.Ј. (21) и Г.Р. (18) и двајцата од Кичево поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“
Во текот на изминатото деноноќие на ниво на цела држава 72 лица не ја почитувале забраната за движење, од кои приведени се 41 лице, додека само во еден случај полициските службеници констатирале прекршување на самоизолацијата
Тој, на 13 март годинава, кога од Австрија пристигнал во Република Македонија, потпишал изјава за самоизолација, која ја прекршил на 20 март, кога во Скопје се упатил во болничка установа со цел да изврши тест за коронавирус.
Товарен воз што сообраќал на релација Гевгелија-Трубарево, меѓу станиците Миравци и Клисура, утрово околу 6 часот и 40 минути се излигал од шините откако претходно удрил во одрон од камења
Во Лозана, Швајцарија денеска ќе бидат погребани таткото Наум Колев (47) и синот Андон (23) од селото Мокриево, струмичко, кои беа убиени на 26 минатиот месец во местото Соренс, во кантонот Фрибург, а нивните тела беа пронајдени наредниот ден на фарма за коњи покриени со арско ѓубре, соопштија од Македонската православна црковна општина „Собор на сите македонски светители“
Основниот суд во Струмица изрече казни од по три илјади евра во денарска противвредност на десетмина граѓани кои не ја почитувале забраната за движење, информираше Мариета Дукиќ, портпарол на струмичкиот суд.
Кочанската полиција поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство против лице од Кочани кое на социјалните мрежи проширило лажна вест дека е позитивно на коронавирусот.
Во Штип се регистрирани два случаи на семејно насилство, во кои жртви се жени.
Основното јавно обвинителство Прилеп поднесе предлози за издавање казни во висина од три илјади евра за едно лице за неспроведување на задолжителна самоизолација и казна од две илјади евра за друго лице што го прекршило полицискиопт час.
Основното јавно обвинителство Скопје денеска поднесе 38 предлози за казнени налози против вкупно 43 лица за непостапување според здравствените прописи за време на епидемија.