Во текот на изминатото деноноќие на ниво на цела држава 72 лица не ја почитувале забраната за движење, од кои приведени се 41 лице, додека само во еден случај полициските службеници констатирале прекршување на самоизолацијата, информираат од МВР.

Oд страна на полициски службеници во извршените контроли над лица во изолација и самоизолација, констатирано е дека само во еден случај едно лице што било во самоизолација не е затекнато во својот дом.

– По однос на забраната за движење во текот на изминатите 24 часа евидентирано е дека на ниво на цела држава 72 лица не ја почитувале забраната за движење, приведени се 41 лице, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни поднесоци, информираат од МВР.

Според статистиките на МВР, во текот на изминатото деноноќие (01/02.04) на територијата на државата на 59 лица им се издадени решенија за изолација, а 224 лица потпишале изјава за самоизолација.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/04/2020 13:05