Управата за финансиска полиција поради постоење основи на сомневање за сторено кривично дело „Даночно затајување“ до Основно јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против Л.С. која во својство на физичко лице во периодот од 21.06.2017 година до 07.07.2017 година, на личната банкарска сметка, во три наврати примила парични средства во вкупен износ од 16.095.600 денари
Товарно возило „ивеко“, со тетовски регистарски ознаки, управувано од И.Ф. (56) од село Стримница, вчера излетало од регионалниот пат Дебар – Маврови Анови, пред крстосница за село Ростуше
Т.С. (48) од Скопје е тешко повредена синоќа откако во неа удрило патничко возило „пежо“ со кое управувал М.Р. (29), исто така од Скопје
Два дена пред навршување една година од сообраќајката кај Ласкарци, во Кривичниот суд во Скопје денеска треба да се одржи ново рочиште за несреќата во која лани на 13 февруари животот го загубија 16 лица, а над 30 беа повредени
Тетовската полиција ноќеска спроведе контролна акција за да утврди колку од возачите управуваат возила под дејство на алкохол
На магистралниот пат Куманово–Крива Паланка синоќа околу 21,00 часот во товарно моторно возило „ДАФ“ и полуприколка со скопски регистарски ознаки, полицијата пронашла 26 мигранти, сите од Бангладеш, од кои осум биле малолетници
За време на настанот во просторијата бил и уште еден полициски службеник кој не бил повреден.
Вчера во 15:30 часот во СВР Скопје, било пријавено дека во тоалетот на казино во трговски центар во Скопје бил пронајден пиштол.
Четиринаесетгодишно момче денеска паднало од објект на поранешен „Жито-мел“ во Куманово и се здобило со тешки телесни повреди, информираше кумановската полиција.
Седумдесет и двегодишна жена загина, а шест лица се спасени во пожар што избувна во семејна куќа во Прилеп