Полициски службеници од СВР Скопје синоќа во 22.20 часот, во скопското село Арачиново, го лишиле од слобода Ч.В.(24) од село Лојане, општина Липково, затоа што при извршен преглед кај него бил пронајден пиштол „Десерт Игл“ калибар 9 милиметри и една рамка со девет куршуми.
Од МВР денеска информираат дека по документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.